Мишел Трајковски е роден на 1 Јули, 1994 година во Скопје.
            На 7 годишна возраст започнал со изучување на хармониката, а веќе на 13 годишна возраст ја добива првата награда на државниот етно натпревар за хармоника.
            Во 2008 година, го потврдува својот успех и повторно се закитува со првата награда на гореспоменатиот натпревар.
            Во 2013 година Мишел е именуван за прв Македонски "Зајди зајди" талент. На овој натпревар учествувале повеќе од 5000 натпреварувачи.
            Во 2013 година, тој станува дел од Младинскиот оркестар на Националниот ансамбл "Танец".
            Покрај хармониката во средното музичко училиште Мишел
        
            изучува и други фолклорни инструменти, како што се тамбурата и тапанот. Во 2014 година, Мишел како дел од тимот, свирејќи на тамбура, победи на меѓународниот натпревар за народни инструменти. 
            На 20 декември 2015, на 20 годишна возраст тој го промовира неговиот прв албум "Ора и соништа", којшто го потврдува него како еден од најмладите композитори во Македонија.
            Композицијата "Tarantino Jazz", која се наоѓа на неговиот прв албум, всушност го претставува неговиот правец
            и стил на изведба којшто тој ќе го следи во следниот тек на неговата кариера.
            Станува збор за композиција составена од повеќе стилови, започнувајќи од танго сегменти, џез варијации па се до балкански свинг.
            Во 2018 година тој беше поканет да биде дел од големиот македонски фолклорен оркестар со кој што учествува на еден од најпознатите фестивали за македонска музика "Фолк фест Валандово".
            Во текот на неговата музичка кариера, тој соработува со звучни еминентни имиња од Македонската фолк и поп сцена. Наум Петрески,
            Ферус Мустафов, Џамбо Агушев, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Дамјан Сгојаноски, Илија Ампевски – Ампе,
            Љубојна, Сузана Гаваозва, Елена Велевска, Анета Мицевска и многу други.
            Мишел Трајковски е главен гостин на последниот музички албум на легендата на ромската музика Ферус Мустафов, со којшто тој гостува и во Белград на неколку познати музички емисии.
            Во 2019 година заедно со Џамбо Агушев и нивниот бенд "Macedonian All Stars" изведуваат 2 големи концерти во Франција.
            "Macedonian All Stars" е создаден по иницијатива на Мишел и Џамбо. Станува збор за бенд во кој што членуваат едни од најдобрите музичари во Македонија, а тоа се: Иван Кукич (бас гитара), Дејвид Демир (гитара), Ратко Даутовски (перкусии) и Антонио Тимчевски (клавијатури).
            Во 2019 година, заедно со Илија Ампевски – Ампе, еден од најдобрите инструменталисти за кларинет и саксофон компонираат 2 музички албуми со авторска мзуика.
            Од 2020 па наваму, тој е во постојана соработка со таканареченото "златно грло на Македонија" вокалниот изведувач на македонска музика, Наум Петрески.
            Мишел заедно со неговиот виолинист Хилми Баки и другите членови на бендот се присутни на сите музички настани на големиот Наум Петрески.
            Од 2016 до 2019 година, Мишел учествува на настанот "Златна бубамара" на популарноста кое е најпознато музичко шоу во Македонија.
            Авторските композиции на Мишел се изведувааат во нашите соседни земји Србија и
            Бугарија како и во Романија и други, од страна на најдобрите бендови во таа област.
            Во неговата кариера како музички изведувач се има појавено на 139 студиски снимки на песни и ора.
            Мишел е дипломиран Етномузиколог на факултетот за Музичка уметност во Скопје.
            Тој ја продолжува својата кариера и работа како композитор, изведувач и најавува 2 нови музички албуми во 2022 година.
          
misheltrajkovski@hotmail.com