Продолжување на соработката со Раде Шербеџија
Во 2026 година „Скопје Виа“ ја продолжува соработката со Раде Шербеџија преку промоција на нова песна и видео запис.
Истата година Мишел создава и филмска музика за филмот „Белата вдовица“.
Мишел Трајковски е македонски хармоникаш, композитор и дипломиран етномузиколог на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговиот израз се движи помеѓу македонската традиција, балканскиот темперамент, етно џезот и современата сценска енергија.
Во текот на својата кариера соработува со значајни имиња од македонската фолк и поп сцена, меѓу кои Наум Петрески, Ферус Мустафов, Џамбо Агушев, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Илија Ампевски - Ампе, Љубојна, Елена Велевска, Анета Мицевска и многу други.
Во 2026 година „Скопје Виа“ ја продолжува соработката со Раде Шербеџија преку промоција на нова песна и видео запис.
Истата година Мишел создава и филмска музика за филмот „Белата вдовица“.
Од 2025 година Мишел Трајковски заедно со актерката и вокалистка Јана Стојановска го создава џипси проектот „Скопје Виа“, воден од мотото „Being Gypsy is a state of the soul“.
Првиот концертен настап го одржуваат на 9 јули 2025 година во Intermezzo Music Bar. Истата година настапуваат на „Рома Фест“ на 2 август, на солистички концерт во Будимпешта на 15 октомври и на PIN Conference на 26 ноември.
Како дел од уметничкото патување, се појавуваат како специјални гости на концертот на Раде Шербеџија во Македонската филхармонија, реализираат концерти во Црна Гора (Подгорица и Улцињ) и се дел од престижни музички фестивали во Македонија.
Мишел се појавува како музички гостин на тридневниот музичко-театарски спектакл „К-15“ во Македонија, а со Јана Стојановска е дел и од театарско-музичкиот спектакл „Брод плови за Београд“.
Посебен момент во неговата кариера е солистичкиот концерт под отворено небо во рамки на „Карпошово културно лето 2025“, каде настапува под името „Мишел Трајковски Оркестра“.
„Скопје Виа“ го сочинуваат Јана Стојановска - вокал, Мишел Трајковски - хармоника, Хилми Баки - виолина, Стефан Котески - труба, Пате Конга - перкусии, Кирил Златановски - бас гитара и Марче - гитара.
Мишел ја продолжува својата работа како композитор и изведувач, најавувајќи нови музички албуми. Паралелно се истакнува и како автор на музика за филм, со главна саундтрак композиција за „Te dua, Жими мене“, како и музичка реализација за документарниот филм „К-15“.
Од 2020 година е во постојана соработка со Наум Петрески. Мишел, заедно со виолинистот Хилми Баки и другите членови на бендот, е присутен на музичките настапи на големиот македонски вокал.
Заедно со Џамбо Агушев и бендот „Macedonian All Stars“ реализира два големи концерти во Франција. Бендот е создаден по иницијатива на Мишел и Џамбо, со Иван Кукич, Дејвид Демир, Ратко Даутовски и Антонио Тимчевски.
Истата година, со Илија Ампевски - Ампе компонира два музички албуми со авторска музика.
Мишел е поканет да биде дел од големиот македонски фолклорен оркестар со кој настапува на „Фолк фест Валандово“, еден од најпознатите фестивали за македонска музика.
Во периодот од 2016 до 2019 година учествува на „Златна бубамара“ на популарноста, најпознатото музичко шоу во Македонија.
На 20 декември 2015 година, на 20-годишна возраст, го промовира првиот албум „Ора и соништа“, потврдувајќи се како еден од најмладите композитори во Македонија.
Композицијата „Tarantino Jazz“ го најавува неговиот музички правец: спој од танго сегменти, џез варијации и балкански свинг.
Како дел од тимот на средното музичко училиште, свирејќи на тамбура, победува на меѓународен натпревар за народни инструменти.
Мишел е именуван за прв македонски „Зајди, зајди“ талент на натпревар со повеќе од 5000 учесници. Истата година станува дел од Младинскиот оркестар на Националниот ансамбл „Танец“.
Во 2008 година повторно ја освојува првата награда на државниот етно натпревар за хармоника.
Мишел Трајковски е роден на 1 јули 1994 година во Скопје. На седумгодишна возраст започнува со изучување на хармониката, а веќе на 13 години ја освојува првата награда на државниот етно натпревар за хармоника.
misheltrajkovski@hotmail.com